Министерството за финансии исплати 1.413.488.426 денари, односно 23 милиони евра субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2012 на 22.313 земјоделци. Со ова предвреме почна отплатата на оваа мерка предвидена со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2013 година, чиј краен рок за исплата е јуни 2014 година. Законскиот рок за откуп на тутунот кај комбинатите беше 15 март, што значи дека исплатата започна буквално веднаш, откако беа извршени законските контроли кај комбинатите. Исплатени се средствата на кооперантите на комбинатите Струмица Табак-Струмица, Алајанс Уан-Кавадарци, СОКОТАБ-Битола, ОРБИТА ТАБАК Скопје, Пашоски Тутунски дилер - Скопје.
Министерството за финансии исплати 1.413.488.426 денари, односно 23 милиони евра субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2012 на 22.313 земјоделци.
Со ова предвреме почна отплатата на оваа мерка предвидена со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2013 година, чиј краен рок за исплата е јуни 2014 година.
- Законскиот рок за откуп на тутунот кај комбинатите беше 15 март, што значи дека исплатата започна буквално веднаш, откако беа извршени законските контроли кај комбинатите. Исплатени се средствата на кооперантите на комбинатите Струмица Табак-Струмица, Алајанс Уан-Кавадарци, СОКОТАБ-Битола, ОРБИТА ТАБАК Скопје, Пашоски Тутунски дилер - Скопје - се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Во тек се контролите во Тутунски комбинат Прилеп каде има 3.111 кооперанти, Центро Табак 389 кооперанти и Далија Табак 255 кооперанти. До крајот на неделата треба да се исплатат и остатокот од средствата во износ од 188 милиони денари. Мерката изнесува 60 денари по килограм произведен и продаден тутун.